Кредитите ќе поскапат ако проценките не ги прават банките

Bez autora
Dec 03 2013

Кредитите ќе станат поскапи ако проценките ги вршат овластени проценители кои не се вработени или ангажирани од банките. На ова предупредува Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија, кое информира дека без да ги консултира, Министерството за правда изготвило измени на Законот за проценка, со кои проценките може да ги вршат само овластени проценители и регистрирани проценителски куќи. Според пресметките на банкарите, ако се донесат овие измени, трошоците за проценка на еден просечен стан од 60 квадратни метри од 2.000 до 2,500 денари ќе се зголемат на 150.000 денари. Имено, Народна банка на Македонија пропишува проценката на недвижноста која се става под хипотека да се врши секоја година додека се отплатува кредитот. Банките сега наплатуваат еднократно 2.000 до 2.500 денари при одобрување на кредитот, а наредните проценки што ги вршат не ги наплатуваат.

Кредитите ќе поскапат ако проценките не ги прават банкитеКредитите ќе станат поскапи ако проценките ги вршат овластени проценители кои не се вработени или ангажирани од банките.

На ова предупредува Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија, кое информира дека без да ги консултира, Министерството за правда изготвило измени на Законот за проценка, со кои проценките може да ги вршат само овластени проценители и регистрирани проценителски куќи.

Според пресметките на банкарите, ако се донесат овие измени, трошоците за проценка на еден просечен стан од 60 квадратни метри од 2.000 до 2,500 денари ќе се зголемат на 150.000 денари. Имено, Народна банка на Македонија пропишува проценката на недвижноста која се става под хипотека да се врши секоја година додека се отплатува кредитот. Банките сега наплатуваат еднократно 2.000 до 2.500 денари при одобрување на кредитот, а наредните проценки што ги вршат не ги наплатуваат.

- Доколку проценката ја преземат овластени проценители, таа ќе се наплатува секоја година и за 30 години, колку што се отплатува станбен кредит, сумата ќе изнесува 150.000 денари, кои ќе ги плати кредитокорисникот низ месечните ануитети - објаснуваат од Здружението за банкарство.

Претседателот на ова здружение Ѓорѓи Јанчевски потсетува дека истите измени на Законот за проценка се направени во 2010 година, па повлечени во 2011 по реакциите на банкарите, но овој пат за корекција на Законот не биле информирани и до нив дошле по свои канали.

- Банките имаат вработено свои проценители, некои имаат цели одделенија, а и многу софистицирани софтвери со што проценката се врши многу бргу. Ако се измени законот, не само што ќе дојде до поскапување, туку и до продолжување на времето за одобрување на кредитите - вели Јанчевски, кој додава дека согласно законските одредби банките вложувале и во задолжителните обуки на проценителите.

Здружението за банкарство својот став во врска со измените на Законот за проценители во писмена форма го доставило до Министерството за правда и до Министерството за финансии, но ја информирало и Народна банка, зашто со овие законски промени и таа треба да ја смени својата регулатива, според која проценката ја вршат банките.

Јанчевски очекува зголемување на кредитирањето во наредниот период поради подобрување на економската состојба во државата, на што укажува растот на БДП во последните два квартала и очекувањето тоа да се случи и во овој. Според него најновите измени во монетарната политика на НБМ ги мотивираат банките да вложуваат помалку пари во благајнички записи, зашто ќе добиваат помалку од камати, а повеќе во кредити, Тој вели дека процентот на лоши пласмани кај хипотекарните кредити е многу помал, отколку кај потрошувачките кредити за домаќинствата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik